Еден ден по инцидентот со двојазичната табла испишана на македонски и албански јазик на филијалата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, која била поставена најверојатно во текот на ноќта вчера, а утрото беше скршена, надлежните институции се уште не соопштуваат детали од истрагата за инцидентот.

Од СВР Охрид велат дека истражните органи и денеска работат на расветлување на случајот, иако вчера полицијата информираше дека има јасни индиции за можниот сторител. Кршењето на таблата било снимено од безбедносните камери, но се истражува и кој и кога ја поставил таблата и дали тоа било направено согласно законот. И овој момент би требало да биде снимен од безбедносните камери.

Раководителот на филијалата на фондот во Охрид Самет Ризвани вчера изјави дека поставувањето на двојазичната табла не претставува провокација, туку дека се работи за тековни активности за замена на старите табли со нови во подрачните единици, како и дека тоа нема нема никаква врска со актуелните политички случувања во земјата.

OhridNews

СВР Охрид го истражува инцидентот со двојазичната табла, за раководителот на Фондот таа не е провокација

Поставена па скршена двојазична табла на зградата од Фондот за пензиско осигурување