Во текот на летниот период, стручните лица задолжени за одржување на јавното осветлување се со полни раце работа. Се санираат настани дефекти и се заменуваат дотраените  улични светилки со нови.

– Како резултат на зголеменото оптоварување на електричната енергија  деновиве се јавуваат повеќе дефекти  на различни делови од Општината, но заради зголемениот степен на координација помеѓу Секторот за комунална дејност и екипите што работат на терен истите ефикасно и во разумен временски период се санираат, информираат од локалната самоуправа.

Надлежните апелираат до граѓаните, доколку забележат дефекти на уличното осветлување да ги алармираат соодветните служби во Општина Охрид.

Од Секторот за комунална дејност при Општина Охрид истакнуваат дека по завршувањето на шпицот на летната туристичка сезона ќе се пристапи кон поинтензивно поставување на нови сијалични места низ целата територија на Општината  по дојава и барање на граѓаните.

OhridNews