Новото советничко мнозинство, информираше дека градоначалникот ја потпишал одлуката за реализација на буџетот.

Информацијата  ја потврди советникот Љупчо Нечкоски, еден од иницијаторите на амандманот со кој буџетот на општината беше зголемен за 99 милиони денари. „Буџетот е потпишан и нека ни е со среќа. Сега сите треба да работиме на негова реализација“ –  рече Нечкоски.

Спротивно на Нечкоски, претседателот на Комисијата за финансирање и буџет, Бранко Трпчески, изјави дека одлуката за реализација на буџетот не е потпишана бидејќи сеуште не се „испеглани“  разликите околу техничкиот пропуст во  буџетот за што деновиве во тек биле интензивни консултации. „Разликите не се надминати и согласно тоа буџетот не може да биде потпишан“, изјави Трпчески.

Градоначалникот Петрески тврди дека  не ја потпишал одлуката за реализација на буџетот и дека останува на претходно изнесениот став, дека вака предложеното зголемување на буџетот е назаконско, поради што тој не ќе може да се реализира во трезорот. Градоначалникот и новото советничко мнозинство тактизираат и се надмудруваат околу донесувањето на буџетот, а сето ова се случува на истекот на рокот до кој буџетот треба да биде потпишан од градоначалникот. Доколку тоа не се случи целата процедура одново ќе се врати во Советот. Доколку советот ја потврди претходно донесената одлука уште еднаш градоначалникот ќе мора да ја почитува.