Надојденото езеро и интензивните врнежи од дожд кои изминатиов период го зафатија охридскиот регион, ги „проголгтаа“ поголемиот број од плажите на источното крајбрежје.

Под вода се наоѓаат и голем број шахти долж крајбрежјето, а екологистите стравуваат од евентуално излевање на веќе оптоварениот колекторски систем.

Научните работници, во повеќе наварти апелираат навремено да се регулира истекот на Охридското Езеро, со цел поплавите од пред неколку години да не ни се повторат.

Инаку, за периодот кој следува се најавуваат интензивни врнежи од дожд проследени со локално невреме и можност за врнежи од град.

О.Т.