Штандовите на учесниците на Вториот меѓународен саем за туризам ќе започнат да се поставуваат денеска претпладне во спортската сала „Билјанини Извори“. Вечер во 19 часот, саемот свечено ќе го отвори премиерот во Владата на Република Македонија, Никола Груевски, кој  е и покровител на манифестацијата. Се очекува на овој чин да бидат доделени  благодарници на поединци и магазини кои придонеле за промоцијата на македонскиот туризам во странство.

Утрешниот ден ќе биде посветен на форумот на кој ќе се дискутира за улогата на ИПА и ИПАРД фондовите во развојот на руралниот туризам, за последиците од глобалната економска криза врз туризмот, како и за Македонија како туристичка дестинација.

Гастро-натпреварот и годинава ќе се одржува во хотелот „Дрим “ во Струга.

Организаторите предвидуваат и повеќе награди за учесниците на саемот. Главната е гранд-при, а ќе се наградуваат најдобрата национална туристичка организација и најдобриот тур-оператор. Награди ќе се доделуваат и во категориите културен и здравствен туризам, етно и еко-туризам, како и во хотелиерството.

Ohridnews