Учениците при ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ се вратија со освоени награди од 37-от Државен натпревар во Скопје, организирани од ЗЕМСУ (Здружение на електротехничките, машинските и сообраќајните училишта на Република Македонија).

Учествуваа 23 училишта од државата и во силна конкуренција екипата составена од ученици при ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ оствари забележителни резултати.
Во конкуренција од 17 ученициод образовниот профил Електротехничар за компјутерска техника и автоматика ученикот Милошески Давид ја освои првата награда под менторство на професорката Сања Јованоска. Ученикот Адријан Тасески од образовниот профил Автотехничар–Мехатроничар под менторство на професорот Вангел Костоски ја освои третата награда.

Под менторство на професорот Ѓоко Милески ученикот Христијан Јосивоски од образовниот профил Техничар за патен сообраќај ја освои исто така третата награда. Учениците од екипата од другите образовни профили добија пофалници за покажаните резултати на натпреварите.

OhridNews