Учениците од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ се вратија со освоени бројни награди од одржаното Образовно рандеву 2018 во Скопје во организација на МАССУМ (Македонска асоцијација на средни стручни училишта).
На „Образовното рандеву 2018“, на кое се претставија сите средни стручни училишта од Република Македонија, ОЕМУЦ „ Св Наум Охридски“ се претстави во седум категории: најдобар штанд, најдобра фотографија, најдобра њеб страна, маркетинг план, најдобра видео реклама, интервју за работа на македонски јазик и интервју за работа на англиски јазик.
Притоа, ученициите од охридското стручно средно училиште освоија три награди: Прво место за најдобро уреден штанд ( за кое се добиени пет вредносни ваучери во вредност од 1500 евра за ученици кои ќе го започнат своето школување на „Универзитетот за туризам и менаџмент “ од Скопје), Второ место Интервју за работа на македонски јазик го освои ученикот Бојан Трајкоски, Трето место за најдобра њеб страна тимот составен од учениците: Надица Кузманоска, Бојан Трајкоски и Михаил Ангелески.
Учениците беа под водство на професорката Билјана Божиноска координатор на Младинската организација и Центарот за кариерен развој при ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“.
OhridNews















