Според анкетата за слободни работни места од Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2013 година, стапката на слободните работни места во земјава изнесува 1.11%.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот Градежништво, а најмала е стапката во секторот Дејности во врска со недвижен имот и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација каде што стапката изнесува 0.29%. Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1.29%.

Најголем број на слободни работни места, односно 972, има во услужните дејности и продажбата.

Анкетата која ја спроведува ДЗС има за цел да се добијат информации за слободните работни места во претпријатијата во Република Македонија кои се важни за следење на макроекономските движења и политики на пазарот на трудот.

OhridNews