Во рамки на училишниот проект на ЕВН Македонија за учебната 2013/14 година, денеска во Хотел „Силекс“- Охрид се одржа детски квиз-натпревар за енергетска ефикасност.

Претставници на зелените енергетски клубови формирани во 12 основни училишта ширум земјава, имаа можност да презентираат дванаесет различни кампањи и да се натпреваруваат во областа на разумното користење на електрична енергија.

Задоволни сме од искуството и прогресот на проектот, а се разбира дека планираме да продолжиме и секоја година да го надоградуваме искуството. Оваа година тоа што е воведено како новитет е поинтензивна работа со наставниците, кои што практично се патрони на клубовите и тие ги добиваат знаењата потребни за да продолжат да ги работат овие зелени енергетски клубови.“ – изјави Искра Тикваровска, координатор на проектот.

Покрај кампањата, секој зелен енерегетски клуб има обврска да организира отворен ден за локалната заедница, каде ќе ги презентира сработените материјали од децата во текот на годината. Како што објаснува Тикваровска, во суштина овој училишен проект на ЕВН Македонија претставува специјален пример за соработка на граѓанскиот и бизнис-секторот.

Имлементацијата оди преку мрежа на невладини организации, кои што се локални и кои што се специјализирани во доменот на екологијата и енергетиката.“ – објаснува Тикваровска.

Овој училишен проект на ЕВН Македонија постои веќе седум години, а се реализира во две фази. Во првата, опфатени беа 35 000 деца кои научија како разумно и безбедно да ја користат електричната енергија.

„Во првите четири години одржувавме по една едукативна работилница во секое училиште во Македонија. После тие едукативни часови, за да го задржеме вниманието во текот на целата учебна година, децата имаа можност да учествуваат на литературни и ликовни конкурси, на тема ефикасно и безбедно користење на електричната енергија. Откако го затворивме тој циклус и едуциравме голема маса на деца, решивме да го трансформираме проектот, и така започна 2-рата фаза.“ – потенцира координаторот на проектот.

Во втората фаза, наместо една едукативна работилница, оформени беа зелени енергетски клубови кои се дел од контунираната настава во текот на учебаната година.

Во текот на наставата која ја концепиравме во оваа втора фаза, децата учеа преку експеримент како ефикасно да се троши електричната енергија, од каде таа потекнува, зошто треба да ја користиме ефикасно. Оваа година, она што е ново, децата учеа како да ги пренесат своите знаења во локалните заедници.“ – завршува Тикваровска.

О.Т.