Многу цвеќиња, пчелички, бумбари, пеперутки, денес можеа да се видат по улиците на градот и градскиот плоштад. Најмладите од детските градинки, традиционално, облечени во најразлични пролетни украси на градскиот плоштад пееја и играа и ја славеа пролетта.
Со својата изведба на музичко- ритмички точки ги воодушевија присутните и покажаа што научиле во текот на годината за ова годишно време.
OhridNews











