Најмаладите охриѓани, ја започнаа новогодишната забава во Охрид. Тие денеска, во придружба на своите родители, во голем број се собраа, на плоштадот каде што Локалната самоуправа организираше детски музички хепенинг.


На забавата учествуваа голем број детски, балетски и музички групи од Охрид. Со интересни новогодишни настапи се преставија и  дечињата од охридската градинка “Јасна Ристеска”, учениците од Основните училишта и членовите на Културно-уметничките друштва.


Детската новогодишната забава ја отвори  градоначалникот Александар Петрески, кој на сите присутни дечиња им ја честита Новата 2010 година.

Ohridnews