Утре, со почеток во 10 часот, во дворот на централниот објект при ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ со бројни активности ќе се одбележи Денот на овошјето и зеленчукот .

Како што е предвидено со програмата ќе се оддржи изложба на детски цртежи и изработки, музичко – ритмички точки, изведени од страна на децата кои ќе бидат во костими од овошје и зеленчук. Ќе се оддржат и натпреварувачки игри за децата (јадење на овошје, пиење сок,лупење овошје и зеленчук, класифицирање на овошје и зеленчук).


Во рамки на настанот, ќе биде промовирана и книгата ,,Дарежливата природа‘‘ од воспитувач Роза Костеска.

ЈОУДГ,,Јасна Ристеска,, е дел од програмата за ,,Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем‘‘ и кампањата ,,Здрава храна за детство без мана‘‘.

OhridNews