Педесетина ученици од основните училишта „Кочо Рацин“ и „Дебрца“, зедоа учество на детскиот ликовен хепенинг,што се одржа во рамки на отворањето на Петтата конференција за вода, животна средина и клима „BALWOIS 2012“, што од денеска до сабота се одржува во Охрид.


Тие во повеќе ликовни техники сликаат на темите на кои ќе се дискутита на конференцијата, со што го даваат својот придонес во напорите за заштита на животната средина.


-Децата на цртежите го претставуваат она што го сакаат, водата да ни е чиста да можеме да ја пиеме и да можеме да се искапиме во неа, а животната околина да ни биде убава, чиста и здрава, истакна Љубица Чифлигароска, одделенски наставник во ОУ „Кочо Рацин“.


Ликовните творби ќе бидат изложени во фоајето на х. Метропол каде се одржува конференцијата. Изложбата ќе биде продажна, а собраните средства ќе бидат наменети за купување ликовен пробор за учениците.


Најмладите сликовито покажаа каква животна средина сакаат

Г.М.