Со благодарност до вевчанци за нивните напори во одржувањето на вековната традиција и во промовирањето на општината како туристички и културен центар, министерката за култура Елизабета Канчевска-Милевска денеска попладне го прогласи за отворен Вевчанскиот карневал 2009.

Вевчани танцуваше под маските кои и годинава беа уникатни.

Градоначаникот Васил Радиноски и годинава ја има старата маска-по теркот на европските карневали.

Покрај бројните гости, присуствуваа и дел од македонските политичари, меѓу кои, Љубе Бошковски, лидерката на ДОМ, Лилјана Поповска, како и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Цветко Грозданов.