Бројот на туристите во ноември 2009 година, во споредба со ноември 2008, е намален за 9,3 проценти, а на ноќевањата за 2,4 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември лани во Македонија имало 28.191 турист, со вкупно 63.648 ноќевања. Бројот на домашните туристи во ноември 2009 година, во однос на ноември 2008 година, е намален за 9,8 отсто, а на странските за 8,8 проценти.


Во периодот јануари – ноември 2009 година, во споредба со истиот период од 2008 бројот на туристите е намален за 1,9 отсто, при што кај домашните има намалување за 5,9 проценти, а кај странските зголемување за 3,9 отсто. Во тој период е забележано намалување на ноќевањата од 5,5 проценти, при што кај домашните туристи има намалување за 8 проценти, а кај странските зголемување за 2 отсто.

Ohridnews