Нивото на Охридско Езеро измерено утринава е на кота од 693.39 м.н.в, односно четири сантиметри над просекот за јануари кој изнесува 693.35 м.н.в, покажуваат мерењата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Неделната анализа покажува благо намалување на нивото од првиот ден во анализираната недела кога истото било на кота од 693.42 м.н.в., следните денови движејќи се на кота од 693.41 м.н.в. и 693.40 м.н.в. се до денешното измерено од 693.39 м.н.в.
Температурата на водата денес е 8 степени што е над просекот за јануари.
OhridNews













