Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во јуни 2014 година изнесувала 741 милион денари, што е за 15,2 отсто помалку во споредба со јуни лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 12,4 проценти, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 29,2 отсто.

Намалување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи е забележано кај житата, индустриските растенија, алкохолните пијалаци, живината и јајцата и млекото, а зголемување е забележано кај градинарските и фуражните растенија, овошјето, добитокот, млечните производи и кај рибата.

OhridNews