Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските превои Стража, Плетвар и во Крушево, каде видливоста е од 100 до 150 метри, информира АМСМ.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

OhridNews