Со најновите измени на Законот за данокот на додадена вредност намалена е даночната стапка за ДДВ од 18% на 5% за следните добра:

•    Добиточна храна, адитиви за добиточна храна и жив добиток
•    Бебешки производи (креветче, количка, транспортер, релаксатор, седиште за во возило, када, хранилка, цуцла, шише и пелени за бебиња)
•    Училишен прибор (училишна торба – ранец, тетратка, молив, пенкало, блок, работна тетратка, боички, линијар, шестар, пластелин, острило, гума и коректор)

Добрата за кои ќе се применува намалената даночна стапка се подетално опфатени со Одлуката за дополнување на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена даночна стапка на данокот на додадена вредност објавена во „Службен весник на РМ“ бр.117 од 05.08.2014 година.

Целосниот преглед на повластените даночни стапки е објавен на веб страницата на Управата за јавни приходи.

OhridNews