Жители од станбена зграда на булеварот „Туристичка“ се жалат дека од паркот на објектот, без нивно знаење, се исчени дрва.

– Очигледно е дека во нашиот град секој прави тоа што сака. Наместо да садиме дрва, поединци ги сечат, велат дел од жителите во зградата кои бараат надлежните да преземат мерки и да откријат кој ги исекол, како што тврдат околу 6- те кубни метри дрва од паркот .

Од општинскиот инспекторат информираат дека немаат добиено барање за сечење дрва кај станбената зграда на „Туристичка“. Оттаму со ветување дека ќе испратат свои вработени кои на лице место ќе извршат увид со цел да се открие кој ги исекол дрвата.

OhridNews