ОВР Струга, поднесе кривична пријава против 34 годишно лице од струшкото село Лабуништа, со живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Тој, на 23.04.2020 година, иако му е издадено решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за изолација бил забележан во аптека во Струга. Со тоа, пријавениот не ја почитувал одлуката на владата за забрана на движење на населението. – информира СВР Охрид.

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 89 прекршоци за неносење лична заштита на лицето, од кои во Охрид-44, Струга-24,  и Кичево-21).

OhridNews