Универзитетот за информациски технологии не е ниту партиски ниту изборен проект, тој  е уште еден проект за иднината на нашите деца- изјави на прес-конференција, кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Трендафилов-Нанче.

„Додека се восхитуваме на успесите кои што некои наши млади сограѓани ги постигнуваат во развиениот свет како универзитетски професори, истражувачи во природните науки, лекари, информатичари, уметници, гордоста ни е измешана со горчина заради сознанието дека тој успех не можеле да го постигнат тука, дома во Охрид, во Македонија“, рече Трендафилов-Нанче.

Според него, владата прави се што може, но, како што рече, и локалната власт треба да направи се за да ги привлече младите да се вратат во Охрид.

Од денешната прес-конференција тој ги повика младите сограѓани  да ја збогатат програмата за развој на Охрид со нивните иницијативи и знаења.   

Ohridnews