Ешли Смит (30 ) и Џордан Нортховер (26) ја признаа вината за нападот на фудбалерите на лондонски Арсенал, Месут Озил и Сеад Колашинац. Двајцата напаѓачи, според признанието, сакале да им ги украдат скапите часовници на фудбалерите, но не успеале во намерата благодарение на отпорот на Колашинац, кој храбро им се спротивставил.

Англиските медиуми јавуваат дека казната за нападот би требало да биде одредена многу бргу.

Иако медиумите на Островот во јули годинава, непосредно по инцидентот кој се случи пред ресторан во Лондон, информираа дека напаѓачите се членови на турска, односно источноевропска банда, се чини дека сето тоа било дезинформација.

Двајцата насилници се обиделе само да ги украдат нивните часовници, а не автомобилите, како што се претпоставуваше.

OhridNews

Скандал во Лондон: Озил нападнат со ножеви! (видео)