Јавното обвинителство по службена должност ќе ги гони нападите врз новинари, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ, кој истакна дека станува збор за квалитатива промена во однос на досегашните решенија.

Досега новинарите мораа да ги пријават нападите врз нив или бил кој вид на закани, или несакана комуникација која што значи притисок врз новинарите. Сето тоа може да го гони јавното обвинителство. Случајот на 27 април е еклатантен пример во спречување на новинарите во вршење на својата професија. Таков случај имаше и на 24 декември 2012 година. Се надеваме дека овие законски измени ќе придонесат за појасна слика и во судството и во нивното постапување. Без притоа да се мешаме од случај во случај, изјави министерот Маричиќ.

Со новите измени на Кривичниот законик се предвидуват конкретни новини со кои во државата се зголемува безбедноста на новинарите, но и медиумските работници, односно снимателите и фоторепортерите.

Во иднина нападот врз нив ќе се третира исто како напад врз службено лице.

OhridNews