Поднесена е кривична пријава против 25-годишно лице од струшкото село Велешта, за сторено  кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службени дејствија“.

На 24-ти јуни годинава, во 14.20 часот на крстосницата со улиците „Партизански Бригади“, „15-ти Корпус“ и „М.Тито“, при вршење службени задачи и преземање мерки од безбедноста на патниот сообраќај, од страна на двајца полициски службеници, било констатирано погрешно свртување. Поради тоа го сопреле патничкото моторно возило „БМВ“, од кое излегол пријавениот и почнал да ги навредува, а потоа и физички ги нападнал полициските службеници.

OhridNews