Дописниикот од Струга за весникот на албански јазик „Коха“  Патриот Љумани вчера попладнето бил нападнат во центарот на Струга.

Тој бил физички нападнат во близина на зградата на Општината од лицето Емин Патранику, акционер во хотелот „Дрим“, поради тоа што напишал текст  за бројот на вработени Албанци во хотелот. Патранику од зад грб ненадејно почнал да го удира.

Љумани за да се самоодбрани  возвратил на нападот, на кој биле присутни неколку луѓе. Побарал лекарска интеревенција во струшката болница, а случајот веднаш го пријавил во МВР и во Здружението на новинари на Македонија.

OhridNews