Охриѓанец (64) вработен како доставувач кај извршител, вчера во СВР Охрид, пријавил дека при доставување налог за извршување бил вербално и физички нападнат.
По целосно расчистување на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – соопшти полицијата.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службени дејствија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против жител охридското село Куратица. Тој, на 6 октомври, во атарот на селото, се однесувал агресивно кон полициските службеници кои преземале службени мерки кон него, како сторител на кривично дело „одземање на моторно возило“, за што од Основниот суд во Охрид му била изречена затворска казна.
OhridNews












