Непознати лица во петокот вечерта насилно влегле во црквата Св. Атанасиј во с. Октиси-струшко, и до олтарот ископале дупка, најверојатно барајќи злато. Тие ја обиле блиндираната влезна врата од црквата и откако ја оствариле намерата, незабележано го напуштиле местото.

Според селаните, провалниците знааеле што точно бараат, бидејќи од црквата не е однесена ниту една икона или друг вреден предмет. Тие се сомневаат дека делото го сторила истата група диви копачи на злато која кон крајот на јануари насилно влегла во црквата Св. Димитрија, на два километри од Октиси, каде исто така беше откопана дупка до олтарот идентична каква што била ископана и во црквата Св. Атанасиј.


црквата Св. Димитрија во Октиси


дивите копачи ги сквернават црквите во Октиси

Дали и што дивите копачи однеле од црквите не се знае, но селаните се вознемирени и стравуваат од повторување на кражбите и во другите цркви во Октиси. Според кажувањата на селаните дивите копачи трагаат по големо богатство, најверојатно злато, кое според преданијата монаси го закопале во една од осумте цркви во Октиси пред доаѓањето на османлиите.

Полицијата извршила увид во црквата Св. Атанасиј и трага по сторителите.

Г. Момироски