Градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески, денеска најави дека локалната самоуправа ќе купи нови простории во центарот на градот каде ќе биде сместен наплатниот пункт на „Водовод“. На ваков чекор општината се одлучила, поради, како беше речено, непристапноста на постоечкиот објект кој моментно работи во центарот на градот. Петрески најави дека истиот ќе биде пренаменет во Информативно туристичко биро.

Советот на општина Охрид на денешната седница ја поддржа оваа иницијатива со тоа што ја усвои Предлог одлуката за купопродажба на недвижен имот на МЈП „Проаква“.

Според најавите во новите простории покјрај наплатниот пункт ќе биде сместена и дел од администрацијата на МЈП „Проаква“. Со ова според општината на вработените во јавното претпријатије ќе им се овозможи полесна комуникација со институциите.

Ohridnews