Јувентус со голот на Џакерини во 90-та минута прокнижи нови три бода победувајќи ја Катанија со 1-0. Разликата меѓу лидерот во Серија А, Јувентус и второпласираниот Наполи изнесува девет бодови и полека “старата дама“ чекори кон одбрана на титулата во “калчото“.
Резултати : Киево – Наполи 2-0, Аталанта – Пескара 2-1, Каљари – Сампдорија 3-1, Јувентус – Катанија 1-0, Палермо – Сиена 1-2, Парма – Торино 4-1, Интер – Болоња 0-1, Лацио – Фиорентина 0-2.
Табела : Јувентус 62, Наполи 53, Милан 51, Интер 47, Лацио 47….