Две години во првата, па една во втората лига е биоритамот на  кичевскиот прволигаш Напредок. Во клубот годинава е направена смена на генерации и кичевчани предвoдени од охриѓанецот Бочески на клупата ќе се обидат со млади сили да го обезбди опстанокот.


Целта на Напредок е обезбедување на опстанокот и тоа без одигрување на дополнителни натпревари.  Во овај период  клубот го напуштија повеќе искуни фудбалери, а на нивно место доведени се млади сили кои очекува одлично  да ги заменат. Време беше да се направи една таква смена за да направиме, Пашовски Вељановски, браќата Ибраими, Михајловски се играчите кои треба да ги заменат искусните Нически, Илиев, Божинов, Пројков, Карамачоски – вели Бочески кој два пати успеа да го врати Напредок во елитата.


Охриѓанецот кој е селектор на репрезентацијата за фудбалери под 19 години, смета оти и оваа сезона квалитетот на македонскиот шампионат нема да биде на завидно ниво.


Од година во година фудбалот е се` послаб и послаб, клубовите од година во година се` финасиски понемоќни, оние играчи кои нешто вредат многу брзо го напуштаат нашето првенство – вели Бочески.


Напредок на прволигашката контрола со Силекс ремизираше играјќи 1-1. Во наредниот период закажани  се средби со 11 Октомври, Силекс, а не е исклучена можноста да спрингуваат со некој од охридските вторлигаши.

М.П.