Со ретроспективна изложба и премиера на театарската претстава „Оркестар Титаник” на 3ти јуни Народен театар Охрид ќе ја одбележи 15-годишнината од основањето на театарот.

Четириесет и шестатата премиера, „Оркестар Титаник”, по текст на Христо Бојчев ја режира Андреј Цветановски, еден од оние режисери кои со секое ново гостување во Народен театар Охрид, остава зад себе впечатливи и незаборавни постановки, кои одлично резонираат со охридската публика и носат нова искуствена вредност во самиот ансамбл.

Во претставата играат Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски, Верица Недеска и Томе Станковски. Премиерата е закажана за среда, 3ти јуни, со почеток во 20.00, часот.

Истиот ден, со почеток во 19.30 часот во Галеријата при НУЦК „Григор Прличев“ Охрид ќе биде отворена и изложбата „Историска патека на театарски претстави“ каде посетителите ќе можат да искусат еден ретроспективен времеплов, движејќи се низ деталите од впечатливи костими и сценографии од секоја една претстава што се одиграла во Народен театар Охрид.

Сезоната 2026 се реализира со делегиран буџет, истата е дизајнирана во духот на јубилејот, а се очекува да биде една од најпродуктивните сезони, со дури 6 продукции од кои 3 наменети за најмладата публика, велат од Народен театар Охрид.

OhridNews