Од утре, вторник (29.09) па се до петок (02.10), Народен театар Охрид ќе биде центар на детската смеа и радост. Претставата „Кловн” по текст на Кристина Тодороска Петреска и мотиви на „Се бара стар кловн” од Матеј Висиек, во режија на Ѓорѓи Ризески, ќе се игра за најмладата публика, за 1500 дечиња од училиштата на територијата на општина Охрид.


Костимите ги изработи Моника Гачева, а кореографијата е на Сања Русевска.
OhridNews











