Народен театар Охрид организира две хуманитарни театарски изведби, со цел собирање средства за лекување на нашата сограѓанка Ева во Германија.

На 26 март премиерно ќе биде изведена детската претстава „Чаплин во црно-белиот свет“, во режија на Ѓорѓи Ризески. На 27 март, по повод Меѓународниот ден на театарот, ќе се одигра претставата „Парите се отепувачка“, во режија на Андреј Цветановски. Средствата собрани од продажбата на билети од двете претстави ќе бидат целосно наменети за поддршка на лекувањето на Ева, велат од Народен театар Охрид.

Воедно ги повикуваат граѓаните да ја поддржат оваа хуманитарна иницијатива и преку своето присуство да дадат придонес во оваа значајна акција.

OhridNews