Македонскиот првак во фудбал во женска конкуренција се најде во првата квалификациска група за Лигата на шампионите. Освојувачот на двојната круна, ЖФК Наше Такси е во Група -1 и за противник ги доби ФК ПАОК(Грција), БСЦ Јанг Бојс (Швајцарија) и ЦС Галиадор-СС 11 Чисинау (Молдавија).


Натпреварите од Првата група се играат од 11-16 Август во Македонија (градовите ќе бидат дополнително одредени).


Според пропозициите формирани се 8 групи од по 4 тима. Победниците од групите продолжуваат во следната рунда која се игра по нокаут систем со учество на 32 екипи до финалниот натпревар. Во оваа фаза ќе се играат по две средби. Екипата на Наше Такси првпат ќе игра во ова натпреварување.

Ohridnews