Општина Охрид заедно со ЈП „Билјанини извори“ наскоро започнува  проект за нов начин на наплата за паркирање на возила во Охрид . Охриѓани, гостите и туристите наплатата за паркирање на своето возило може да го реализираат со испраќање на СМС порака. Според  проектот, централното градско подрачје се дели на три зони А (црвена) зона, Б (темно сина) зона и В (светло сина) зона.

Во предлог одлуките се внесени границите на зоните за паркирање и кои улици на кој зона  припаѓаат како и цената за паркирање која е определена од типот на зоната. За Зона А, цената за физичко лице за секој час паркирање е 30 денари. Зона Б, за секој час паркирање е 20 денари и Зона В е 10 денари.

Повеќе информации околу одлуката за дополнување на одлуката за цени за зонско паркирање можат да се најдат на општинската интернет страна.

Општина Охрид ги повикува сите охриѓани да земат учество со свои предлози и  сугестии  со цел да придонесат во поуспешно реализирање на проектот кој  ќе овозможи полесно сообраќајно функционирање на градов.

OhridNews