Предметот Веронаука кој започна да се изучува пред два месеци е примен позитивно од учениците, сметаат надлежните. Од вкупно 20.000 петтооделенци 65% се одлучиле да посетуваат Вероанука, а 35% го изучуваат предметот Запознавање со религиите. Наставата по предметот веронаука ја вршат околу 100 дипломирани теолози кои во Охрид учествуваат на дводневна обука за реализација на зацртаната програма.


По 50 години Веронауката се враќа конечно во училиштата и тоа е добро, затоа што беше бесмислено во училиштата да се изучуваат сите други знаења, а да не се изучува учењето за Бога или за верата, рече проф. д-р Ратомир Гроздановски.
Наставниците се задоволни од приемот на Веронауката кај децата.

Веронауката во наставата на учениците од 5-то одделение е застапена со два часа неделно. Единствен и најголем проблем засега е немањето учебници по предметот Веронаука и Запознавање со религиите, за кои Министерството за образоование треба да се изјасни во текот на оваа недела.













