Под мотото ’’ Да ја вратиме рибата во каналот Студенчишта” викендов се одржа двомеч натпревар во дисциплината  лов на јадица со пливка.

На првиот двомеч од планираните триесет во 2009-та година  СРК ’’ Св Апостол Петар “ се натпреваруваше со екипата на СРД “Црна Река” од Битола.

Екипно првото место го освои СРК „Свети Апостол Петар“. Во поединачен пласман  златото го  освои Ангеле Галиот а среброто Душко Крстески, натпреварувачи на СРК „Свети Апостол Петар“. Бронзениот медал замина кај Ристе  Костоски  од Црна Река  Битола.

За време на натпреварот фрлена е поголема количина на прихрана се со цел малата количина на  риба која е останата во каналот да  се задржи на зимување, велат спортските риболовци.
Организатор на натпреварот беше клубот „Свети Апостол Петар“.

Ohridnews