Нацрт-Деталниот урбанистички план што го утврди Советот на општианта на последната 63-та седница одржана на 26. минатиот месец, од денеска е ставен на Јавна анкета.

Јавната анкета ќе трае до 20.03. 2008 година, а јавната презентација од страна на стручните лица и изготвувачите на Нацрт-урбанистичкиот план ќе се одржи на 13.03. во големата сала на зградата на општината. Во текот на јавната анкета граѓаните и заинтересираните лица ќе можат да поднесуваат предлози, сугестии, заелешки… на анкетни листови. По завршувањето на јавната анкета и разгледувањето на анкетните листови, предложениот Нацрт-ДУП; треба да добие мислење од страна на надлежните министерства за да потоа биде ставен на донесување пред Советот на општината.

Утврдениот Нацрт- Детален урбанистички план  за дел од Урбана Заедница 1 се однесува на Урбан Блок 1.2 дел од Урбан блок 1.4 и дел од Урбан Блок 3.4,  опфат Варош. Тој опфаќа пвршина од 42,7о хектари од кои 27,3 се за градба  а 15,41 за зеленило . Намената на овој урбанизиран простор според Нацрт-ДУП е: домување, домување со терцијални содржини, хотелиерство, домување со хотелиерство, духовна култура, култура, археолошки локалитети, наука , образование, терцијален сектор, јавно зеленило.
 
Просторот на спомнатиот Нацрт-ДУП за опфат ги има улиците: „Илинденска“, „Кирил и Методиј“, „Абас Емин“, „Туристичка“, „Пирин Планина“ дел од „Васил Стефоски“, река „Грашница“ и Охриско Езеро.

Ohridnews