На 10-ти овој месец, ќе започнат заедничките истражувања на Охридското Езеро што Хидробиолошкиот завод од Охрид ќе ги реализира со Институтот за нуклеарни истражувања од Дебрецен, Унгарија.

Деталите за истражувањето ќе бидат изнесени на прес конференција на која ќе присуствуваат  претставници од двата инстутити и истражувачкиот тим, како и  амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија, д-р Ласло Иштван Дукс. 

OhridNews