Охридскиот фудбалски клуб, запиша нови три бодови на табелата во второлигашката конкуренција, победувајќи го Велазерими со минимални 1-0, на СРЦ „Билјанини Извори“. Стрелец на погодокот вреден три бодови беше Александар Целески, но заслуги за победата има комплетната екипа, која одигра нов добар меч во Втората лига.

Тежок противник е Велазерими, без разлика дали игра дома или гости. Мечот беше тврд, на моменти и исцрпувачки во психолошки аспект. Ние знаевме што сакаме во текот на целиот натпревар и на крајот успеавме. Стрпливата и сигурната игра во одбрана, ни дозволува да одиме напред и да учествуваме во повеќе акции за погодок. Честитки за фудбалерите и стручниот штаб за заслужената победата, а посебна благодарност сакам да упатам до „рибарите“ и публиката, кои и покрај забраната ни пружаат максимална поддршка. – рече дефанзивецот Наум Вељаноски.

Вистински дерби натпревар од средината на табелата. Сакам да им честитам на фудбалерите за реакцијата после поразот во Скопје и третиот натпревар во краток временски период. Покрај одбраната, наш заштитен знак станува и домашниот терен, каде бележиме добри резултати. – изјави тренерот на Охрид, Драган Бочески.

Во претпоследната рунда, Охрид, гостува кај тимот на Вардар Форино, а, во последната силите ќе ги одмери со Кадино, на домашен терен.

OhridNews

 

Нов триумф на Охрид, Целески стрелаше за три бодови

Втора МФЛ: Навивачите го засенија супер дербито на истокот, Охрид се проби во топ 4 (видео)