Доколку сакаме економските вредности на Охридското Езеро долгорочно останат во една стабилна ситуација, а државата и локалната власт континуирано и рамномерно да ги користат, неминовно е планината Галичица да се пошуми до највисоката нејзина кота и истата да располага со огромни шумски зелени појаси со кои ќе се создадат услови сите подземни води, извори и реки кои се дел од Планината Галичица, а се влеваат во Охридското Езеро, да бидат активни во текот на целата година, вели независниот еколог, дипломираниот агроном, Лазо Наумоски.
       
– Неминовно е овој природен феномен на Галичица да се сочува и што повеќе искористува, а со тоа ќе се заштити и одржува во една стабилна ситуација езерската флора и фауна, односно растителниот и животинскиот свет во самото езеро. Што повеќе сливни води во езерото од подземјето на планината Галичица се создаваат огромни услови за неутрализација на другите води кои се вливаат во езерото од другите места на сливното подрачје од Охридското Езеро, а имаат можност за променлива РН вредност на нивната вода оносно доаѓа до нивно закиселување, потенцира Наумоски.

Наумоски на став дека Галичица треба да остане национален парк, целосно да се пошуми, да не се посекува, инфаструктурно да не се оптоварува и да не се врши изградба на огромни планински домови и спортски центри.

– Пошумувањето, еколошката заштита и оставањето на Планината Галичица што поприродна се ствараат огромни услови за развој на излетничкиот туризам, а опстанокот и загрозеноста на Преспанското Езеро од негово исчезнување ќе биде само минато, вели Наумоски.

Според него, на источниот брег од Охридското Езеро треба да се подигнат заштитни зони во кои ќе се развиваат, преживуваат и опстојуваат припадниците на езерската флора и фауна, кои заедно со наколните живеалишта претставуваат најпосетени туристички места на Охридското Езеро.

OhridNews