ГРК Охрид ја освои титулата во ЕХФ Европскиот куп, а еден од најзаслужните за трофејот секако е јапонскиот интернационалец Косуке Јасухира. Тој има краткорочен договор со ГРК Охрид кој истекува по завршување на сезоната, а охриѓани покренаа онлајн иницијатива за негово останување, но и да му се додели македонско државјанство.

​Оваа иницијатива е наш начин да му се заблагодариме на Јасухира за сето она што го направи за клубот и за градот во изминатиот период, како и да испратиме јасна порака до управата дека тој треба да остане дел од Охрид, велат иницијаторите.

Ние, навивачите на ГРК Охрид, сакаме нашите спортски херои да бидат соодветно наградени и трајно да останат дел од нашиот град.

Веруваме дека доделувањето на македонско државјанство на Косуке Јасухира е заслужена и логична награда која ќе го покаже нашето „благодарам” за неговата посветеност и труд.

Метите не се само предизвици, туку и моменти на славење на успехот кој го носат нашите спортисти. Имаме предлог ГРК Охрид да го откупи неговиот договор и со тоа да ја обезбедиме неговата иднина тука, во Охрид. Сите што стоите зад успешниот развој на нашето друштво треба да го подржите овој потег – тоа е благодарност и инвестиција во нашата светла иднина.

Време е да покажеме дека ги цениме нашите спортски достигнувања и дека сме спремни да направиме конкретни чекори во тој правец. Ве повикуваме да ја потпишете овој петиција и да му дадете можноет на Косуке Јасухира да остане со нас и да продолжи да не инспирира!

Петицијата може да се потпише на следниот ЛИНК.