Во анкетата спроведена на шпанскиот сајт “Марка“ за иднината на “специјалниот“ на клупата од Реал Мадрид, 82 отсто од гласачите се изјасниле со недоверба во Португалскиот стратег Жозе Мурињо.

Поразот од Малага, а пред се изоставувањето на Икер Касиљас од првиот состав ја прели чашата на навивачите кои веќе ги истадоа белите знамиња, што значат разделба.

Мурињо пред неполн месец имаше отворен конфликт со навивачите кога излезе 40 минути пред почетокот од градското дерби со Атлетико за да можат да го исвиркуваат.

Единствен човек кој е на страната од Жозе Мурињо, е првиот човек на “галактикосите“ Флорентино Перез кога навивачите му го свртија грбот.

Мх.П.