Во договор на раководствата на двата клуба кои се сретнаа во Тетово, ФК Вардар и ФК Шкендија превзедоа опсежни мерки за безбедно одигрување на утрешниот првенствен натпревар на „Филип Втори” .


Анализирајќи ги сите аспекти и почитувајќи ги препораките на МВР двата клуба се договорија да нема организирано патување на навивачката група „Балисти” на утрешниот дуел во Скопје во интерес на безбедноста на навивачите и безбедното одигрување на натпреварот. Истото важи и за навивачката група „Комити” која исто така нема да може да патува на гостувањето на ФК Вардар на возвратниот натпревар во Тетово.

Раководствата на ФК Вардар и на ФК Шкендија на средбата јасно ги истакнаа пријателските односи помеѓу двата клуба и најавија во иднина заедничка активност и координација со навивачките група за да се надминат разијдувањата и во блиска иднина „Комитите” и „Балистите” бидат редовен декор од натпреварите на ФК Вардар и ФК Шкендија било во Скопје или во Тетово.

Сигурни сме дека со активно дејствување на сите структури во клубовите, со претставниците на навивачите и со органите за ред и мир можеме да го подигнеме нивото на респект помеѓу навивачите на многу повисоко ниво и истите најдат сили и организациски квалитет да навиваат во рамките на фер-плејот и фудбалското витештво.

Ohridnews