Екипата на Охрид во 2 коло од плеј-офот во сезоната 2025/26 го пречекува Алкалоид во битка за место во Европската лига. Играчите и стручниот штаб се фокуситани на противникот и најавуваат голема борба на теренот.
Натпреварот ќе има и хуманитарна нишка. На влезовите од салата „Билјанини извори“ ќе бидат поставени кутии за донации за малата Ева која води битка со тешка болест.
Мечот се игра во сабота, 14 март, со почеток во 18 часот.












