Со решение на министерот за култура за нов вршител на должност раководител на Центарот за култура „Григор Прличев“  во Охрид назначен е Зоран Пејкоски, вработен во националната установа.

Пејкоски доаѓа на местото на Стрезо Стаматовски, кој досега ја извршуваше функцијата в.д. директор.

Претходно беа објавени три конкурси за избор на директор на оваа национална установа, но ниту еден од нив не беше спроведен.

OhridNews