Мајами предводен од “кралот“ Леброн Џејмс атакуваат на рекордот од Лос Анџелес Лејкерс, кој изнесува 33 победи во серија, но непреминлива пречка за “жешките“ до 28 победа беше разиграниот Чикаго.
Триото фантастико на Мајами, Џејмс (32 поени), Вејд (18) и Бош (21) одиграа одличен натпревар, но немаа никаква поддршка од клупата. Најпрецизен во составот на “биковите“ беше Лоуло Денг со 28 поени додека Карлос Бузер постигна 21 кош.