Ноќта во НБА донесе драматични пресметки во плејофот, а најголемото изненадување е елиминацијата на Денвер Нагетс.

Второпласираниот тим во Западната конференција предводен од Никола Јокиќ не успеа да ја продолжи сезоната, откако беше поразен од Минесота 110:98 во шестиот натпревар од серијата која Тимбервулфс ја добија со 4:2 иако играа без неколку клучни играчи поради повреди.

На истокот Њујорк ја декласира Атланта со 140:89 и со 4:2 обезбеди пласман во полуфиналето. Филадејфија, пак, се избори за мајсторка откако синоќа го совлада Бостон во шестиот натпревар 106:93 и ја израмни серијата на 3:3.

Г.М.