Српскиот интернационалец Никола Јокиќ и словенскиот кошаркар Лука Дончиќ ги одбележаа синоќешните натпревари во НБА лигата. Јокиќ запиша нов рекорд крај своето име додека Дончиќ оствари нов трипл дабл учинок.

„Џокер“, како што го нарекуваат Јокиќ беше не запирлив на дуелот со Атланта. Јокиќ постигна рекорден број на поени вкупно 47, а додаде уште 8 скокови и 5 асистенции. Очекувано, Денвер тимот каде што настапува Јокиќ славеше со 123-115.

Чудото од дете, Дончиќ со 11-от трипл дабл учинок сезонава му пресуди на Чикаго и донесе нов триумф за Далас. „Телињата“ победија со 118-110. Дончиќ натпреварот го заврши со 38 кошеви, 11 скокови и 10 асистенции.

Екипата на Денвер со скор 25-11 се наоѓа на втората позиција веднаш за лидерот на западната конференција Лејкерс, а Далас со скор 23-13 е шесто пласиран на табелата.

OhridNews